Јонас Валанчиунас, сепак, ќе игра за тимот на Денвер Нагетс. Како што сега објавуваат медиумите од Колорадо, опцијата искусниот Литванец да се приклучи на Панатинаикос и да ја продолжи кариерата таму е отфрлена. Тој имаше понуда вредна 12.000.000 долари од грчкиот гигант, но ќе остане со Нагетси уште две години. Валанчиунас ќе заработи 10.395.000 долари следната сезона, а во сезоната после тоа 10.000.000.

Договорот за враќање во Европа беше блиску, бидејќи Валанчунс дури отпатува во Атина на медицински прегледи и му беше понуден тригодишен договор вреден 12.000.000 долари. Се чини дека гаранцијата за втора година од договорот беше доволна за да го убеди да остане во тимот.

ИЗДВОЕНИ