Вака изгледа појадокот на лекарите – едно нешто никогаш нема да видите во нивната чинија

127
Healthy breakfast ingredients, food frame. Granola, egg, nuts, fruits, berries, toast, milk, yogurt, orange juice cheese banana apple on wooden rustic background top view copy space

Ако го започнете денот со вашето омилено печиво, експертите предупредуваат дека сте направиле голема грешка. Д-р Моника Техо од Универзитетот Харвард верува дека тоа е како да јадете десерт за појадок, а за да биде уште полошо, можете да додадете пржена сланина и купен сок од портокал полн со шеќер.

Д-р Техо нагласува дека преработените јаглехидрати како печива, палачинки и мафини не се вистинскиот избор за појадок. Наместо тоа, таа советува оброк богат со влакна, протеини и здрави масти за стабилно ниво на енергија и шеќер во крвта.

Еве го нејзиниот совршен појадок:

– Овошје: Докторката го обожава замрзнатото овошје, бидејќи е прифатливо и достапно преку целата година. Богат е со витамини и антиоксиданси.

– Јогурт: Изберете обичен јогурт со ниска содржина на шеќер, измешан со овошје. Докторката избегнува верзии без маснотии, бидејќи верува дека здравите масти се клучни.

– Јаткасти плодови: Шака бадеми или индиски ореви се нејзиниот омилен додаток поради здравите масти и влакна кои обезбедуваат долготрајна енергија.

Конечно, д-р Техо нè потсетува дека појадокот не е нужно најважниот оброк во денот, туку дека е важно да го слушате вашето тело и да избирате здрави опции секогаш кога ќе почувствувате глад!

ИЗДВОЕНИ