Гренланд ѝ припаѓа на Данска, а НАТО ќе разговара за зајакнување на својата заштита во областа доколку е потребно, изјави денес германскиот министер за надворешни работи Јохан Вaдeфул.
„Бидејќи Данска е земја-членка на НАТО, Гренланд е исто така предмет на одбраната на Алијансата. И доколку има понатамошни барања за зајакнување на одбранбените напори во однос на Гренланд, тогаш ќе мора да разговараме за тоа во рамките на Алијансата“, рече Вaдeфул, но не даде дополнителни детали, објави Ројтерс.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека САД ќе го преземат Гренланд, велејќи дека островот е „апсолутно неопходен за одбрана“ на САД.












