В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече вчера министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Тој нагласи дека едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.
– Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник – информира Љутков.












