Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ известуваат дека в понеделник, на празникот Свети Климент Охридски паркиралиштата со кои тоа стопанисува ќе бидат бесплатни за користење на граѓаните.
Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.
Редовната наплата за паркирање ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.












