Од ЈСП „Скопје“ информираат дека в понеделник (19.1.2026 год), поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 18а, 32, 51, 56, 56а, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
На Водици, од 7:00 до 14:00 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, а жичницата нема да работи.
– Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичницата – потсетуваат од ЈСП.












