Бидејќи сме во тој период од годината кога сме најмногу изложени на сонце, најчестата ситуација е да се изгориме од него, без разлика каков тип на кожа имате.
Иако постојат разни препарати за ублажување на оваа состојба, зошто да не пробате да го направите тоа на природнен начин? На пример – се вели дека гелот од алое вера е многу ефикасен, а еве зошто.
Зошто алое верата е добра?
Алое верата е зимзелено повеќегодишно растение со дебели сиви или зелени листови. Има широк спектар на употреба – од подобрување на варењето и лекување на акни, до користење во готвењето како масло. Луѓето можат да ја одгледуваат дома или да ја купат како растение. Многу лосиони за кожа, мелеми, напивки и козметички производи содржат алое вера.
Грижата за кожата по изложеност на сончевите ултравиолетови зраци е од исклучителна важност за нејзиното здравје. Изгорениците од сонце не само што предизвикуваат болка и црвенило, туку можат да доведат и до рак на кожата, проблеми со очите и предвремено стареење.
Алое верата може да обезбеди моментално олеснување и да ја смири изгорената кожа. Кога УВ зраците ги оштетуваат молекулите во кожата, имунолошкиот систем се обидува да ја поправи штетата со ослободување на воспалителни протеини. Тие ги шират крвните садови во таа област на кожата, овозможувајќи зголемен проток на крв. Хемиските реакции предизвикуваат воспаление во кожата, што предизвикува лупење на оштетените клетки.
Изгорениците од сонце бараат третман и внимателна грижа, а кожата треба да се регенерира и заздрави.
Алое верата е традиционален хербален лек кој може да помогне во ублажување на симптомите на изгореници од сонце и намалување на воспалението. Содржи 19 од 20-те познати аминокиселини што му се потребни на телото. Аминокиселините ги омекнуваат задебелените клетки на кожата и го стимулираат производството на колаген, што ја подобрува еластичноста и ја хидрира сувата кожа.
Гелот или сокот од алое вера има антибактериски својства и помага во спречување на лупење на кожата по прекумерно изложување на сонце. Исто така, има антиинфламаторни својства и висока содржина на вода, што дополнително ја хидрира кожата.
Иако научните докази за нејзината ефикасност се ограничени, алое верата е сè попопуларна како производ за нега на кожа по сончање.
Како можете да го користите гелот од алое вера?
Нанесување на гелот или сокот директно од свеж лист
Купување готов гел од алое вера
Користење спрејови по сончање
Нанесување балсам или лосион за ладење
Ако користите готов производ, најдобро е да го чувате во фрижидер за дополнителна свежина.
Важно е да се напомене: алое верата сама по себе не обезбедува доволна заштита од сонце.
Истражувањата покажуваат дека билни формули што содржат алое и SPF 14-16 можат да бидат ефикасни, но експертите препорачуваат употреба на производи со SPF 30 или повисок за соодветна заштита.