Уживајте во стабилните временски услови и во сонцето и во пријатно топлото време преку ден уште во текот на викендот. Полека од понеделник попладне (3 ноември) влегуваме во нова промена на времето кога очекувам нови врнежи и опаѓање на температурите и тоа поради продор на поладен воздух од северозапад кој преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа.
Веќе во понеделник попладне и навечер поради влажен воздушен бран од запад кој ќе биде поврзан со плиток циклонски систем со центар над Џенова најпрвин во западните предели од нашата Македонија а во вторник (4 ноември) во најголем дел од нашата Македонија ќе имаме врнежи од дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Локално очекувам врнежите да бидат пообилни.
Со овој плиток циклонски систем од Џенова врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.






