Уживајте во сонцето до вторник: Следува дестабилизација со дожд, грмежи и ветер, а можно е и невреме

574

Од вторник, 6 мај, територијата на југоисточна Европа, секако вклучувајќи ја и Македонија ќе подпадне под влијание на плитка фронтална долина или висински циклон, најави метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Во ваква ситуација очекувам постепено дестабилизирање на атмосферата во државата, создавање и растење на услови за локален развој на грмотевични облаци појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално пак, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Температурите остануваат рано летни, односно умерено топли со надминување над 20 степени, со исклучок на местата со поголема надморска височина.

Во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат и до 30 степени, “ додава Поповски

Сепак, Попоски за подетална и официјална прогноза околу оваа нова метеоролошка промена најавува наредни метео објави.

ИЗДВОЕНИ