Уживајте во омилените празнични пијалаци, ама мислете и на коските, предупредуваат нутриционистите : Греано вино и топло чоколадо на поздрав начин

35

Aмериканските нутриционисти  одамна зборуваат за тоа дека во празничната сезона доаѓа до зголемување на телесната тежина за 2,5 килограми, и додека овие податоци важат за Американците, би било интересно, да се види каква е бројката за Македонија, каде што сезоната на слави и празници трае неколку месеци пред Нова Година и завршува по Василица.

Топлото чоколадо, грееното вино и други празнични пијалаци не се добри за коските ако се консумираат долгорочно, бидејќи содржат многу шеќер. Високиот внес на шеќер може да влијае на здравјето на коските, бидејќи има влијание врз калциумот во урината, пишува „Хелтлајн“.

Нашите коски имаат многу важни функции, ги штитат органите и ја зачувуваат коскената срцевина, а кога се ослабени при остеопороза, организмот трпи многу последици.

Топло чоколадо

Кезаја Џој, диететичарка и нутриционистка, објаснува дека високиот внес на шеќер може индиректно да влијае на здравјето на коските, бидејќи ја зголемува количината калициум што се излачува во урината. Како резултат на тоа, помалку калциум останува во телото и ја одржува густината на коските.

„Честите скокови на нивото на шеќер во крвата можат да го попречат нормалното функционирање на процесите поврзани со витаминот Д. Ова ќе ја намалки способноста на телото да го апсорбира калциумот од храната што ја внесуваме“, вели таа.

„Честото консумирање слатки пијалаци за време на празничната сезона може да го влоши тој ефект, особено ако и онака не обрнувате внимание на вашата исхрана“, предупредува нутриционистката.

Вишокот шеќер во исхраната може да придонесе и за развој на хронички воспаленија од ниско ниво, што исто така може да се одрази негативно на коските. Затоа, висококалоричните, слатки намирници и пијалаци би требало да ги консумирате во ограничени, скромни количини.

Што треба најмногу да избегнувате за време на празниците

Топлото чоколадо, независно дали е приготвено во домашни услови или во кафуле, ќе содржи клациум поради млекото, но тоа не е количество „што има вредност“ поради шеќерот содржан во целата напивка.

„Ако е направено со млеко, топлото чоколадо содржи калциум, но и околу 20 грама шеќер, предупредува диететичарката Хана Андерсон.

Што е со празничните кафиња со различни вкусови?

Андерсон предупредува дека е можно и во празничните кафина да се крие 50 грама шеќер.

Ако сакате да внимавате на внесот на шеќер и да внимавате на здравјето на вашите коски, Џој предлага поздрави алтернативи на овие пијалаци.

„Здравото топло чоколадо може да се приготви дома со незасладен какао прав, млеко со пониска масленост, па да се заслади со мед. Ако, пак, го сакате вкусот на грееното вино, многу чаеви се достапи во продавниците кои нудат токму такви комбинации на ароми, без дополнителниот шеќер“, советува таа.

ИЗДВОЕНИ