недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уживајте во денешното сонце! Од утре пак дожд

Уживајте во денешното сонце! Од утре пак дожд

43

Времето денеска претпладне ќе биде магливо во некои котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

ИЗДВОЕНИ