Ужасен случај во Липково: Малолетничка уценувана со нејзини експлицитни фотографии, за пари

74

Малолетниците станаа се почеста мета на уцени со фотографии. Последниот случај со 16 годишно девојче од Липково ја разбранува јавноста.

Малолетничката подолго време била уценувана. Повеќе лица и се заканувале дека ќе објават на социјалните мрежи нејзини експлицитни фотографии – доколку не им плати одредена сума на пари.

Првичните информации говорат дека се работи за група од околу 20-тина лица а едно од нив е веќе уапсено. Истражните органи работат на идентификување на сите членови на групата која се изживувала со девојчето.

Полицијата и обвинителството воздржани. Во интерес на истрагата не сме во можност да споделуваме повеќе детали, велат од Основното јавно обвинителство.

– Министерството за внатрешни работи постапува по наредби на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово и презема дејствија за обезбедување докази по поднесена пријава за уцена на малолетно лице. Во овој момент, во интерес на истрагата, но и со цел заштита на малолетното лице, обвинителството не е во можност да споделува детали во однос на дејствијата кои се преземаат.

Социјалните служби како и полицијата се веќе вклучени во случајот, со цел да и помогнат и да и ја пружат неопходната помош на малолетничката.

ИЗДВОЕНИ