Ужасен инцидент во САД: Вооружен маж пукал по ред на три различни локации – настрадаа шест лица

66

Вооружен човек уби шест лица во американската држава Мисисипи во инциденти што се случија на три различни локации, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Клеј.

„За жал, се справуваме со трагедија во нашата заедница“, напиша шерифот на округот Клеј, Еди Скот, на Фејсбук, објави „Ен-би-си њуз“.

Пукањата се случија синоќа во Вест Поинт, во близина на границата со Алабама, објави „АП“.

Скот рече дека шест лица ги загубиле животите, од кои некои биле поврзани со сторителот.

Службениците не дадоа дополнителни информации за пукањето, ниту ги идентификуваа жртвите.

Осомничениот е во притвор и не претставува дополнителна закана за заедницата, додаде Скот.

Инцидентот и мотивот за нападот во Мисисипи сè уште се истражуваат, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ