Пет мажи, членови на банда која силувала и сексуално злоставувала малолетни девојчиња што ги сретнале во парк, се осудени на затворски казни од 18 месеци до 14 години.
На судот во Њукасл во Велика Британија се слушна дека четворица Романци и еден Албанец ги таргетирале ранливите девојчиња во паркот Солтвел во Гејтсхед помеѓу 2015 и 2019 година. Една од шесте жртви била 14-годишно девојче на кое му бил даден кокаин од кој станала зависна, а потоа си ја предавале еден на друг за секс, соопшти обвинителството.
Во изјавата на една од жртвите, прочитана на суд, се вели дека таа била „преплашена од сите мажи“. Анонимно идентификувана како Девојката Б, таа изјавила: „Не знам дали некогаш ќе можам да живеам нормален живот. Постојано сум напната, особено кога сум сама“. Таа додаде дека се чувствувала преоптоварена и често плачела.
Судијата Тим Гитинс им оддаде почит на девојките кои претрпеле злоупотреба: „Се надевам дека ќе се сметаат себеси за преживеани, а не за жртви“.
Бандата беше прогласена за виновна на судењето во октомври.
Кодрин Дура (27) – 13 години затвор (двојно силување, три обвиненија за сексуален однос со дете, обид за силување, уцена, сексуален напад – сите во врска со Девојчето А; две силувања на Девојчето Б, организирање сексуална експлоатација на дете и снабдување со дрога од класа А)
Линоард Паун (24) – 5 години и 1 месец (сексуален однос со дете, силување на Девојчето Б, организирање сексуална експлоатација на дете, дистрибуција на непристојни слики од дете, снабдување со дрога од класа А) Сите извршени на возраст помеѓу 15 и 17 години.
Богдан Гугиуман (44) – 14 години затвор (тројно силување на Девојчето Б и снабдување со дрога од класа А). Судијата рече дека „не покажал никакво каење“.
Клаудио Алексиу (28, Албанец) – 6 години затвор (силување на девојчето Б и снабдување со дрога од класа А)
Стефан Чиурару (23) – 18 месеци затвор (четири сексуални напади врз девојчињата Б, Ц и Д, сексуален однос со детето Е и поттикнување на детето Ф на сексуална активност). Сите престаи се извршени кога имал 15-16 години. Судијата рече дека тој „безмилосно ги таргетирал“ жртвите и се чувствувал „овластен“ да дејствува на овој начин.
Судијата Гитинс нагласи дека националноста на обвинетите „не е релевантна за изрекувањето казна“ и дека младоста на повеќето сторители во времето на силувањата значително ја ограничува должината на казната што можел да ја изрече.
Детективот главен инспектор Греам Бар, кој ја води истрагата, рече: „Детството на девојчињата беше украдено на најсуров можен начин од предатори кои ги таргетираа ранливите членови на нашата заедница. Благодарение на неверојатната храброст на овие млади жени денес, сторителите се изведени пред лицето на правдата“.
Шарлот Денисон, од Обвинителството за сериозни сексуални прекршоци, изјави дека влијанието врз жртвите е неизмерно. „Денес, осудените ја искористија ранливоста на девојчињата за сопствено сексуално задоволство и не покажаа никакво каење.“












