Ужас во семеен дом во Центар: 40-годишен син ја давел мајка си, сакал да изнуди пари, ОЈО поведе постапка

24

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, настанот се случил на 21 септември во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“ во Скопје. Осомничениот најпрво на висок тон барал пари од своите родители. Таткото веднаш го напуштил дворот, додека мајката останала и била изложена на груби навреди.

Потоа осомничениот физички ја нападнал. „Започнал да ја влече со рацете за да ѝ го земе телефонот, ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот,“ информираат од обвинителството. Жената успеала да се тргне на страна, но синот продолжил со насилничко однесување, кршејќи саксии и предмети во дворот.

ИЗДВОЕНИ