Ужас во Италија: Возач управувал порше со 250 километри на час и однел во смрт три млади животи вклучувајќи го и неговиот/ВИДЕО

50

Тројца млади пријатели загинаа во градот Бриндизи, Италија, кога Поршето во кое се возеле се превртело, удрило во дрво и се запалило.

Пожарникари морале да ги извлечат од урнатините по ужасната сообраќајка, а возилото било целосно изгорено, пренесе АНСА.

Според медиумските извештаи, тие загинале во Поршето што го изнајмиле, а неколку минути пред несреќата возилото достигнало голема брзина.

Луиџи Перусио (22) бил зад воланот, а со него во Поршето биле Сара Капилунга (21) и нејзината врсничка Карина Рижов. Постои сомнение дека возачот ја изгубил контролата врз возилото.

Истрагата покажала дека возилото било изнајмено за 400 евра во Бриндизи. Се наведува дека се движеле со брзина од околу 250 км/ч кога Поршето се превртело, удрило во дрво и се запалило.

Карина дошла во Италија од Украина неколку месеци по почетокот на војната и живеела со италијанско семејство кое добило телефонски повик по несреќата. Потоа GPS-от ги однел на местото на несреќата, јавуваат медиумите.

Градоначалникот Елио Чикарезе зборуваше за огромната трагедија и прогласи ден на жалост на денот на погребот.

„Луиџи, Сара, Карина, засекогаш ќе бидете во нашите срца“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ