Се случи невидена трагедија и цела Европа е загрижена поради тоа. Италијанската кошарка беше потресена од ужасен настан што се случи во саботата, на 19 октомври, на автопатот Риети – Терни.

По натпреварот помеѓу Себастијани Риети и Пистоја баскет2000, автобусот што ги превезувал навивачите на тосканскиот тим бил нападнат со камења, при што еден од возачите починал откако бил удрен од парче тула.

Според италијанските медиуми, нападот се случил во близина на Контиљано, недалеку од градот Риети, додека автобусот ја напуштал областа по натпреварот.

Наводно, напаѓачите биле навивачи на домашниот тим, кои фрлале камења кон возилото, а една тула ја пробила шофершајбната и го удрила другиот возач, кој седел до главниот возач.

Екипи на Брзата помош, полицијата и карабинерите брзо пристигнале на местото на настанот, но, за жал, возачот им подлегнал на повредите.

Тензиите меѓу навивачите на двата тима били очигледни уште во текот на натпреварот, кога полицијата морала да интервенира на паузата помеѓу втората и третата четвртина за да спречи поголем инцидент.

По натпреварот, кој го добила Пистоја, полицијата го испратила автобусот до излезот од автопатот, но нападот се случил само по неколку километри.

Клубот Пистоја баскет 2000 издал соопштение во кое изразува длабоко жалење за смртта на еден од своите возачи.

  • Шокирани сме од веста за смртта на еден од двајцата возачи на автобусот што ги превезуваше нашите навивачи од Риети. Чекаме официјални информации, но сме длабоко потресени од инцидентот. Клубот и претседателот Џозеф Давид изразуваат искрено сочувство до семејството на починатиот – пишувало во соопштението на клубот.

 

ИЗДВОЕНИ