Во Хрватска е притворен маж поради сомнеж дека му нанел тешки телесни повреди на бебе, соопшти денеска хрватската полиција.
Поднесена е кривична пријава до Државното обвинителство за млади во Голема Горица, пренесе „Хина“. Бебето со повреди опасни по живот е примено во болница, пренесува „Танјуг“.