Тројца ученици се повредени денеска во напад со нож во училиште во градот Пиркала во југозападна Финска, а осомничениот, ученик во училиштето, е уапсен, соопшти полицијата.
Тројцата повредени не претрпеле повреди опасни по живот, изјавила портпаролката на полицијата за АФП.
Таа додаде дека се истражуваат извештаите во медиумите дека ученикот насилник таргетирал девојчиња.