Ужас во болничката практика во Чешка: Две новороденчиња починале во ист ден, две се во критична состојба

92

Во текот на еден ден, во болница во Литомерице, град во северозападна Чешка, починаа две новороденчиња поради комплицирано породување. Трагедијата се случила помеѓу 26 и 27 ноември. Уште две бебиња биле во критична состојба и лекарите морале да ги реанимираат.

Поранешна бабица во болницата изјави за „Си-ен-ен прајм њуз“ дека постојат можни причини за трагичниот исход, но и проблеми во болничката практика. Според неа, Центарот за помош при породување често примал жени со посебни потреби, кои, според сегашните медицински препораки, не треба да се пораѓаат во окружна болница.

– Многу често жените доаѓаа таму поради ветувањата и маркетингот што се спроведуваше таму. Тоа беа жени што, според препорачаните медицински процедури, нормално не треба да се породат во окружната болница – рече бабицата.

Кон крајот на ноември, Центарот регистрираше неколку тешки породувања за краток временски период. За еден ден починаа две бебиња, додека лекарите реанимираа уште две. Поранешната бабица, исто така, изјави дека интервенирале лекарите за да го спасат животот на една мајка, која претрпела многу загуба на крв при породувањето.

Случајот привлече големо внимание во јавноста и веднаш беа почнати истраги за околностите на трагедијата. Бројни експерти проговорија за настанот, како и префектот на регионот Усти над Лабем, Олдрих Бубеничек, кој рече дека го шокирала веста за несреќата.

Според сведочењето на поранешната бабица, едно од починатите новороденчиња е родено во карлична положба, што значи со стапалата или со задникот напред.

ИЗДВОЕНИ