недела, февруари 22, 2026
Дома СПОРТ ОЛИМПИСКИ ИГРИ Ужас на ЗОИ: Полска лизгачка, облеана во крв, беше изнесена од патеката

Ужас на ЗОИ: Полска лизгачка, облеана во крв, беше изнесена од патеката

55
EPA/WU HAO

Уште една несреќа се случи на Зимските олимписки игри во Италија. Скијањето е меѓу најопасните и најризични дисциплини и овој пат видовме драматична сцена на натпреварите во брзо лизгање. Полјачката Камила Селиер го заврши натпреварувањето со крваво лице откако беше удрена од лизгалката, под окото. Тоа беше на трката во брзо лизгање на 1.500 метри, Камила падна, а потоа друга натпреварувачка ја удри по лицето. Потоа удрите во заштитната ограда, беше облеана во крв во истиот момент. Всушност, имаше судир меѓу три натпреварувачки, а Полјачката го извлече најдебелиот крај. Трката беше прекината додека да ѝ биде укажана помош, а потоа беше изнесена на носилка. Она што покажа храброст е нејзиниот гест кон публиката, кога го крена палецот како знак дека сè ќе биде во ред. Американката во уметничко лизгање, Кристен Сантос-Грисволд, беше казнета за нелегално поминување по лизгалиштето, поради што се повреди Камила.

EPA/WU HAO

На мразот имаше голема трага од крв, која мораше да се отстрани пред да продолжи трката, а брзо потоа се јавија со соопштение и од полскиот олимписки тим.

– Нејзиниот образ беше исечен, но веќе е зашиен. Најверојатно, и јаболчицата ѝ е оштетена. Можеби е скршена, бидејќи има значителен оток. Окото е многу отечено во моментов, па затоа е тешко да се каже. Да се надеваме дека не отишла лизгалката подлабоко – рече тренерот.

 EPA/WU HAO

Претходно, актуелниот светски шампион во слободно скијање, Финли Мелвил Ивс од Нов Зеланд, беше изнесен од патеката на носилка, по падот во квалификациите.

Тој доби медицинска помош од медицинскиот персонал откако падна на слетувањето и ја загуби контролата врз скиите и врз стаповите. Натпреварот беше прекинат неколку минути додека да го изнесат од патеката на носилка.

Ова беше втор сериозен пад за два дена во слободно скијање, откако ѝ беше потребна медицинска помош на Канаѓанката Кеси Шарп по паѓањето на квалификацискиот настан за жени.

Се случи несреќа и на натпреварувањето во боб-четворосед. Австрискиот екипаж составен од Јакоб Мандлбауер, Дајен Николс-Барди, Себастијан Митерер и од Даниел Берчлер доживеа ужасна несреќа на трката. Со брзина од 117 километри на час, се преврти нивниот боб на кривина и продолжи да се лизга по патеката со полна брзина, застанувајќи на последната кривина пред целта. Тројца од членовите на екипажот веднаш излегоа од бобот, додека несреќниот Јакоб Мандлбауер беше изнесен од патеката на носилка и итно беше префрлен во болница.

ИЗДВОЕНИ