Ужас на Нов Зеланд: Уапсена е жена која патувала со автобус со двегодишно девојче затворено во куфер

102

Полицијата на Нов Зеланд уапсила жена која патувала со автобус со двегодишно девојче затворено во куфер, пренесува „Бета“.

Како што соопшти полицијата, 27-годишната жена е обвинета за злоупотребување и запоставување на детето.

Возачот на автобусот ја повикал полицијата за време на едно злоупотребување околиу 100 километри северно од Окланд, откако забележал дека нешто се движи во куферот.

„Кога возачот го отворил куферот, пронашол двегодишно девојче“, изјави полициски службеник, додавајќи дека така е спречен „многу посериозан исход“.

Изгледало дека детето нема физички повреди, но е упатено во болница на лекарски прегледи.

 

ИЗДВОЕНИ