Две лица се на интензивна нега откако возач се заби во пешаци и велосипедисти на францускиот остров Олерон, соопштија тамошните власти, а пренесе Гардијан. Возачот е уапсен и е започната истрага, изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез во објава на X.
Вкупно околу девет лица се повредени, изјави градоначалникот на Долус-д’Олерон, Тибо Брехкоф, за BFM TV.
Инцидентот се случил утрово околу 8:45 часот, кога маж со своето возило удрил во околу десетина луѓе на патот помеѓу Долус-д’Олерон и Сен-Пјер-д’Олерон.
Меѓу повредените имало пешаци и велосипедисти. Тројца тешко повредени лица биле префрлени со хеликоптер во болница во Поатје. Бројките за бројот на повредени и натаму се непотврдени, а во замокот Олерон е отворен центар за психолошка помош.
Detenido tras atropellar “deliberadamente” a varias personas en la isla francesa de Oléron y causar varios heridos graves https://t.co/Gz41vOlRQV a través de @elperiodico
— jolie 1643 (@1643Jolie) November 5, 2025
Сторителот бил уапсен од полицијата неколку минути по нападот, додека се обидувал да го запали својот автомобил, во кој биле пронајдени цилиндри со гас.
Тој бил уапсен без отпор и однесен во полициската станица во Сен-Пјер-д’Олерон. Според француските медиуми, станува збор за 30-годишен француски државјанин кој живее на островот.
Градоначалникот на Сен-Пјер-д’Олерон, Кристоф Суер, изјави:
„Тој е познат по многуте испади, особено по неговото редовно консумирање дрога и алкохол.“
Човекот не е во евиденцијата на лица под надзор поради ризикот од терористичка радикализација.
Јавниот обвинител на Ла Рошел, Арно Ларез, изјави дека осомничениот ѝ бил познат на полицијата и извикувал „Алаху Акбар“ за време на апсењето.












