Увозот на забранет пестицид е исто како да се увезе дрога

Увозот и продажбата на опасните пестициди во нашата држава претставува пропуст на инспекциските органи. Агрономите посочуваат дека да се увезе забранет пестицид е исто како да се увезе дрога. Во услови кога Македонија се обидува да ги зголеми производството и извозот на земјоделски производи, информациите за употреба на недозволени пестициди ги нарушуваат угледот и квалитетот на нашите земјоделски производи. Според агроекспертите, се поставува прашањето како недозволените пестициди дошле до македонскиот пазар кога преку системот РАСАФ се нотираат сите сомнителни пратки

191

Недозволените пестициди се опасни по здравјето на луѓето и прават голема штета во земјоделството. Увозот и продажбата на опасните пестициди во нашата држава претставува пропуст на инспекциските органи. Агрономите посочуваат дека да се увезе забранет пестицид е исто како да се увезе дрога. Во услови кога Македонија се обидува да ги зголеми производството и извозот на земјоделски производи, информациите за употреба на недозволени пестициди ги нарушуваат угледот и квалитетот на нашите земјоделски производи. Според агроекспертите, се поставува прашањето како недозволените пестициди дошле до македонскиот пазар кога преку системот РАСАФ се нотираат сите сомнителни пратки.

Агрономот Ристо Велков вели дека употребата на недозволените пестициди дава лоша слика за македонското земјоделство бидејќи нè класифицира како ризична земја.

Се поставува прашањето како може преку граница да се внесат недозволени пестициди. Тука проблемот е кај царината и кај инспекциските органи кои не го спречиле увозот, конкретно на метомилот, како и на другите забранети пестициди кои се употребуваат од земјоделците. Овој препарат, но и другите забранети пестициди кои се користат за прскање на овошјето и на зеленчукот се опасни по здравјето на луѓето. Но, и кај дозволените пестициди треба да се внимава на периодот на каренца, односно на периодот од употребата на пестицидот до бербата на зеленчукот. Кај некои пестициди, каренцата на активната материја е 7, кај некои 14 дена… Важно е да се почитува овој период и да не се употребува овошјето и зеленчукот бидејќи во тој период отровот дејствува, во спротивност и овие пестициди можат да предизвикаат здравствени проблеми, вели Велков за весникот ВЕЧЕР.

Според Велков, не е јасно како овој пестицид влегол во Хрватска и уште посимптоматично е зашто е откриен еден месец откако производот бил увезен. Тој  се сомнева дека можеби се работи за нетарифна бариера за да се заштити хрватското производство и да се направи штетата на нашето производство на црвени пиперки.

– Откако се случи тоа, цената на ајварката падна на 20 денари за килограм. Ова е многу лошо за домашното производство и вакви работи често се случуваат, особено во периоди кога имаме поголемо производство од некоја култура. Од друга страна, некои од пестицидите кои се забранети кај нас се дозволени во Бугарија, Грција, Турција, така што постои можност овие пиперки да не се произведени кај нас, туку да се увезени од овие земји, додава Велков.

Според Владимир Лабачевски, сопственик на земјоделската аптека „Агромедика“ со оглед на тоа дека овие пестициди се забранети кај нас, тука не се работи за увоз, туку за шверц.

Откога Европската Унија забрани употреба на дел од пестицидите, тие почнаа да се шверцуваат. Овие пестициди се опасни по здравјето на луѓето бидејќи и по 5-6 месеци од нивно аплицирање на земјоделските култури тие не исчезнуваат целосно, туку се појавуваат траги во овошјето и во зеленчукот. Овие пестициди се употребуваат од страна на земјоделците поради тоа што се незаменливи во борбата против штетниците. Има многу пестициди кои се забранети, но сепак може да се најдат во нашата држава и се продаваат нелегално, вели Лабачевски за весникот ВЕЧЕР.

Тој додава дека со употреба на овие забранети пестициди се руши рејтингот на Македонија како земја која произведува безбедни производи. Освен тоа, поради употребата на вакви пестициди, не можеме да ги извезуваме и да ги продаваме нашите земјоделски производи како надвор од нашата држава, така и на домашниот пазар.

(А. С.)

 

ИЗДВОЕНИ