Увозници на месо сакале да избегнат седум милиони денари давачки

23

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.

Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.

Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.

Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

 

ИЗДВОЕНИ