Утрово најстудено на Попова Шапка – 1 степен, додека во истовреме во Гевгелија беа измерени 11 степени

23

Најниска температура до 8:30 часот утринава е измерена на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Берово се измерени нула степени, во Лазарополе 3, во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево 4, во Струмица 5, во Скопје-Петровец, Претор и Штип 6, во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес 7, во Виница и Кавадарци 8 и 9 степени во Тетово и Куманово.

За денес се прогнозира променливо време со повремени сончеви периоди. Ќе има благ до умерен северен ветер. Највисоката дневна температура ќе се движи од 13 до 20 степени.

Во Скопје, утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува. Се очекува слаб до умерен ветер од северен правец. Највисоката температура ќе достигне до 19 степени.

ИЗДВОЕНИ