Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Во Скопје, ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.













