Утре, во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен за движење во двете насоки ќе биде булеварот.„11-ти Октомври“, на потегот од крстосница со улицата „Даме Груев“ до крстосница со булеварот.„Кочо Рацин“.
Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.