четврток, февруари 12, 2026
Дома СВЕТ Утре почнува досега најважната Минхенска безбедносна конференција во услови кога кредибилитетот и...

Утре почнува досега најважната Минхенска безбедносна конференција во услови кога кредибилитетот и довербата во светот се во криза

52

Оваа Конференција, која има 60-годишна традиција, годинава се оценува како посебна, зашто една година откако Доналд Трамп го почна својот втор мандат како претседател на САД, се одржува во услови на сериозно оштетени трансатлантски односи. Во самиот извештај на Конференцијата, кој има злокобен наслов „Во уништување“, објавен пред собирот, се наведува дека „светот влезе во опасен период на деструктивна политика што го фаворизира расклопувањето на институциите, наместо постепената реформа“.

 

Хотелот „Бајеришер Хоф“ во Минхен е местото во кое, од утре до недела, светските лидери ќе дебатираат за безбедноста во светот во услови на напната глобална ситуација. Конференцијата ќе собере повеќе од илјада учесници, меѓу кои и 65 светски лидери, речиси 100 министри за одбрана и за надворешни работи и други високи воени и владини претставници од 120 земји.

Оваа Конференција, која има 60-годишна традиција, годинава се оценува како посебна, зашто една година откако Доналд Трамп го почна својот втор мандат како претседател на САД, се одржува во услови на сериозно оштетени трансатлантски односи. Во самиот извештај на Конференцијата, кој има злокобен наслов „Во уништување“, објавен пред собирот, се наведува дека „светот влезе во опасен период на деструктивна политика што го фаворизира расклопувањето на институциите, наместо постепената реформа“.

Преовладува резигнација, а не надеж. Вака „Дојче веле“ (ДВ) го опишува основното расположение на европските државници пред Конференцијата.

– Со децении, Конференцијата е дефинирана како трансатлантска. Сепак, во моментов, како што вели нејзиниот претседател Волфганг Ишингер, постои „невидена криза на кредибилитет и доверба“. Извештајот го класифицира Доналд Трамп во категоријата „човек за уривање“, т.е. државници кои уништуваат важечки правила и почитувани институции со нивната „политика за уривање“. Изјавата на Трамп дека не му треба меѓународно право е само еден од многуте примери за ова, наведува ДВ.

На оваа конференција, САД ќе ги претставува државниот секретар Марко Рубио, кој ќе предводи голема делегација, наспроти тензиите во трансатлантските односи. Од него се очекува да зборува посмирено од потпретседателот на САД, Марко Рубио, кој на минатогодишната конференција одржа 18-минутен „огнен“ говор, едвај споменувајќи ја надворешната безбедност на Европа или на Украина. Сè уште одѕвонуваат неговите критики на европската политика додека излагањето го користеше за да дели лекции за тоа што е демократија според администрацијата на Трамп, опишувајќи ја неговата политика со зборовите „нов шериф е во градот“.

Минхенската безбедносна конференција е создадена во 1963 година во контекст на Студената војна, како форум на западните политички и воени елити, со цел зајакнување на трансатлантскиот сојуз и стратешка координација во рамките на НАТО. Во своите почетоци, првенствено беше фокусирана на воени прашања, нуклеарно одвраќање и односот со Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт, и функционираше како лабораторија на западната безбедносна мисла во биполарниот свет. Иако без формална политичка моќ, конференцијата многу брзо доби репутација како простор каде што не се донесуваат директни одлуки, туку каде што се обликуваат идеи и се објавуваат идните политички насоки. Падот на Варшавскиот пакт и крајот на Студената војна доведоа до длабока трансформација на конференцијата. Безбедноста веќе не можеше да се сведе на конфликт меѓу два блока, туку опфаќаше регионални војни, тероризам, енергетска безбедност, сајбер закани, миграција и климатски промени.

Денес, конференцијата функционира како огледало на глобалниот поредок. Војната во Украина, соперништвото меѓу САД и Кина, слабеењето на меѓународните институции и растот на политичката поларизација во западните општества доминираат во дебатите.

– Денешната меѓународна безбедносна средина е понестабилна отколку во кое било време што можам да го запомнам во мојата кариера. А следната конференција е, веројатно, најважната од 1963 година, предупреди Ишингер пред Конференцијата.

ИЗДВОЕНИ