Поради уличен дефект утре прекинато водоснабдување ќе имаат повеќе улици во општините Центар и Аеродром.
Како што информираат од „ЈП Водовод и канализација“, водоснабдувањето во општина Центар ќе биде прекинато од 8:30 часот сѐ до завршување со санација на дефектот. Без вода ќе бидат улиците „Питу Гули“, дел од „Загребска“, „Ганчо Хаџипанзов, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“, „Караорман“, висока зона „Козле“ и крак еден, три, пет и седум од улицата „Ловќенска“.
Поради уличен дефект на булеварот „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот, сѐ до завршување со санација на дефектот.