среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Утре истекува СТАРT: Нема најава за продолжување на договорот меѓу САД и...

Утре истекува СТАРT: Нема најава за продолжување на договорот меѓу САД и Русија за нуклеарно вооружување

114

Последниот важечки договор во светот со кој се ограничува распоредувањето на нуклеарно оружје ќе истече в четврток, освен ако нешто не се промени во последен момент. „Нов СТАРТ“ е последниот нуклеарен договор меѓу Вашингтон и Москва што датира од времето на Студената војна.

Истекот на рокот доаѓа во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп, се обидува да го исполни своето ветување „Америка на прво место“, поради кое ги поништи меѓународните договори што ги ограничуваат САД. Рускиот претседател Владимир Путин предложи едногодишно продолжување на договорот „Нов СТАРТ“ во септември, на што Трамп одговори дека му „звучи како добра идеја“, но оттогаш немало многу разговори на таа тема.

Вчера и папата Лав 14. апелираше да се продолжи договорот истакнувајќи дека ситуацијата во светот „бара да се стори се што е можно за да се спречи нова трка во вооружување“.

„Нов СТАРТ“ ги ограничи Русија и САД на максимум 1.550 распоредени стратешки нуклеарни боеви глави, што е намалување од речиси 30 проценти во однос на претходната граница поставена во 2002 година.

ИЗДВОЕНИ