Во раните утрински часови на подрачјето на градот Скопје, утре ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини –информираат од Град Скопје.