Уставен суд одлучи: Нема да биде поведена постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

44

Уставниот Суд оцени дека владата е надлежна и може да донесе одлука за бројот на членови во општинските совети, судијката известител за предметот Добрила Кацарска појасни дека Владата е единствениот орган кој што може да ја донесе оваа одлука, која не се коси со Уставот

Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини.

– Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше изготвен во многу кратко време зошто не знаевме всушност каква ќе биде одлуката да не има некои последици околу одржување на изборите. Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најнапред околу надлежнноста на Владата, дали Владата има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно, Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. Воедно надлежноста произлегува и од член 63, став 3 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Околу извршувањето на законите, нема кој друг да е надлежен, освен самата Влада – рече Кацарска.

За оваа проблематика беа поднесени три иницијативи зад кои стојат престваници на Европскиот фронт.

Според подносителите на инцијативата владината одлука за утврдувње на бројот на советници се коси со законот за локална самоуправа , уставот и со пописот од 2021 .

Одлука која е спротивна на Уставот, Законот за локална самоуправа и одлуката на Уставниот суд. Оваа одлука, испратена до Државната изборна комисија, го прекршува член 34 од Законот за локална самоуправа, кој јасно предвидува дека бројот на советници во секоја општина треба да се пресметува единствено врз основа на бројот на жители, без правење разлика помеѓу резиденти и нерезиденти – стандард кој отсекогаш важел.

Вакавта одлука на Устевен суд е во предворје на локалните избори .

ИЗДВОЕНИ