Успешно изведена акцијата за подобрување на водоснабдувањето во главниот град

82

Вчера успешно се заврши акцијата за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која јавното претпријатие „Водовод и канализација“ уредно извести преку сите медиуми уште на 27.05.2025 година.

Овој потфат од претпријатието велат дека се прави еднаш на 60 години за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и за намалување на загубите на вода и трае 15 часа.

-Зафатот е завршен успешно, а за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, се работи полека и постепено со цел да се регулира мрежата. Утрово беше постигнато нивото на редовно водоснабдување преку населено место Железара во општина Гази Баба, но поради преголема потрошувачка и повлекување од Чаир мрежата се празни пребрзо односно пред да може да се стабилизира водоводната мрежа има пад. Се замолуваат граѓаните за трпение и рационално да користат се до стабилизација на мрежата, во спротивно ќе предизвика Чаир недостаток за половина град кој може да трае со денови – извесуваат од ЈП „Водовод“.

Оттаму додаваат дека со реализација на овој проект се подобруваат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведена мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод Ф 1 600 милиметри кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод Ф 700 милиметри на булевар „Александар Македонски“, кој се напојува од градскиот магистрален цевковод Ф 1 600 милиметри, преку ново предвидениот магистрален цевковод Ф 700 милиметри, кој ќе биде поставен по должината на ново предвидениот булевар „Хрватска“. Со ваквото поврзување се создадаваат условите за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје – објаснија од ЈП „Водовод и каналзиација“.

ИЗДВОЕНИ