„Успешно ги обединивме напорите на САД и ЕУ“: Зеленски потврди добри вести – се чека Путин!

55
EPA/Chris J. Ratcliffe / POOL

Билатералниот документ за безбедносни гаранции за Украина е во суштина подготвен за финализирање на највисоко ниво со претседателот на Соединетите Американски Држави, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Важно е Украина успешно да ги обедини напорите на европските и американските тимови, а заедно разговаравме, меѓу другото, за документите за реконструкција и економски развој. Беа дискутирани и сложени прашања од основната рамка за завршување на војната, а украинската страна презентираше можни опции за комплетирање на тој документ“, рече Зеленски.

Тој изрази очекување дека руската и американската страна ќе разговараат, по што, како што оцени, ќе се добијат информации за тоа дали Русија е подготвена да ја заврши војната.

Тој, исто така, додаде дека Украина ќе ги „информира своите партнери за последиците од ноќните напади на Русија, кои очигледно не укажуваат дека Москва ги преиспитува своите приоритети“, рече Зеленски.

„Во овој контекст, потребно е притисокот врз Русија да продолжи да се зголемува со ист интензитет како и работата на нашите преговарачки тимови. Одржливоста на идните безбедносни гаранции мора да се докаже со способноста на нашите партнери да извршат ефикасен притисок врз агресорот во оваа фаза. Подготвуваме нови релевантни контакти со партнерите“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ