Успешнo евакуирано повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

40

По добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера, во попладневните часови, Армијата на Република Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од ВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

Генералштабот на Армијата соопшти дека повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенирал екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекле и имобилизирале повредениот.

-Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што ,тоа беше транспортирано на понатамошен болнички третман. Армијата, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка – се наведува во соопштението.

 

ИЗДВОЕНИ