Уште се трага по убиецот на американската претставничка од Минесота и нејзиниот сопруг – ФБИ понуди награда

105
Американското федерално биро (ФБИ) понуди награда за информации за Венс Луер Бетлер, осомничениот за двојното убиство на демократската претставничка во Претставничкиот дом на америкаскиот Конгрес Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг во Минесота, пренесоа денеска американските медиуми.

ФБИ во саботата попладнето објави дека агенцијата нуди награда за информациите кои ќе придонесат за апсење и осуда на Батлер (50), пренесува ТВ Фокс 9.

ТВ Си-би-ес пренесе претходно дека во возилото на Батлер е пронајден список со голем број можни мети, со повеќе од 50 имиња, меѓу кои се имиња на службеници кои не се од Минесота, активисти за правото на абортус и медицински персонал кој работи на такви зафати.

Претставничката во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг смртно настрадаа во пукање во својто дом во Бруклин Парк, додека сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга беа ранети во својот дом во Чамплион.

Властите велат дека осомничениот напаѓач во моментот на пукањето лажно се претставувал како полицаец, а ФБИ наведе дека треба да се очекува да биде вооружен и опасен“.

ФБИ, исто така, сподели фотографии снимени со сигурносна камера кои го прикажуваат Белтер со гумена маска на старец.

Гувернерот на Минесота Тим Волц рече дека се чини дека е во прашање „политички мотивирано убиство“, пренесува „Еј-би-си њуз“.

 

ИЗДВОЕНИ