Уште ја фалат: Каролина со најдобар стајлинг во Новогодишната ноќ 

2068

Според оценките на многумина!

И ако новогодишната ноќ во македонската метропола беше многу студена, тоа не ја оневозможи популарната поп-пејачка, нашето девојче битолчанче, со скопската адреса на живеење, Каролина Гочева да изгледа со својот стајлинг, најскромно кажано – совршено! Барем така велат скоро голем број од оние кои ја следат модата или би требало да се разбираат во модните случувања. Најчесто оние кои таа ноќ беа присутни на Градскиот плоштад, во Скопје.

Навистина без лутење на другите кои учествуваа во новогодишната забава под отворено небо. Каролина остави најсилен впечаток! Популарната пејачка носеше црна облека под впечатливо макси долго палто од дизајнерот Марков. Сето беше дополнето со стилизираните „војнички чизми“ и црни ракавици.

За шминката беше задолжен нејзиниот долгогодишен соработник Дадар, додека севкупниот стајлинг го осмисли Јована Зука. Самата пејачка секако презадоволна од целата новогодипна представа, на сите им се заблагодари со емотивните зборови:        “Благодарам на сите кои останавте до крај, заедно да ги поминеме и првите моменти од Новата година, без разлика на многу ладното скопско време. Сепак, мене околу срцето ми беше топло“! Браво !!!  (Д.М.) фото:ФБ

 

.

ИЗДВОЕНИ