Бројни светски медиуми пишуваат дека консултантот за мотоспорт на Ред бул, Хелмут Марко, ќе го напушти тимот од Милтон Кинс на крајот од годинава. По последната трка од сезоната во Абу Даби, Марко потврди дека наскоро ќе донесе одлука за својата иднина.
На патеката „Јас Марина“, тој нагласи дека неговата иднина е нешто за што ќе одлучи исклучиво сам, иако неговото заминување би било второто големо заминување во Ред бул оваа година. Имено, веднаш по Големата награда на Велика Британија, Кристијан Хорнер беше отстранет од позицијата шеф на тимот и извршен директор и на негово место беше назначен Лоран Мекиес.
Евентуалното заминување на Марко би било тежок удар за Макс Верстапен, со кого има исклучително близок однос.











