Одлична е! Оваа летна жештина како да им удира во глава на популарните убавици од некогашна Југославија. Веднаш по Неда Украден, сега во костим за капење јавно се соблече сè уште атрактивната Сузана Манчиќ. Таа е помлада од Неда, но и таа си има пристојни години. Само 68! Сузана, која се прослави како лото-девојка, официјално е во пензија. Но, според нејзините изјави, никогаш нема да биде класична пензионерка, која ќе спие до 12:00 напладне и која потоа нема да знае што да прави во слободното време.

Затоа е максимално активна, секогаш во движење. Дури има и своја авторска ТВ-емисија. Сепак, преку лето ништо не работи, тогаш навистина е како пензионерка. Затоа што не ги поднесува горештините, во јули, август и во септември е на море во Грција, кај богатиот сопруг, Гркот Симица.  За да биде уште поинтересна, Сузи е активна на социјалните мрежи, преку кои знае да се пофали со слики од плажа. Да видиме, да се увериме колку е сè уште секси. Таа е, по Неда, уште една згодна баба тинејџерка. Секоја чест!

Д. М.

ИЗДВОЕНИ