Вишиот суд во Белград донесе пресуда дека Кецмановиќ се должни на Татјана Стевановиќ ѝ исплатат 6,9 милиони динари отштета за нематеријална штета за физичка болка, страв, ментална болка поради намалување на општите животни активности и поради обезличување. Кецмановиќ мора да им платат и законска затезна камата на наставниците по историја почнувајќи од датумот на пресудата, пишува N1.
Судот во образложениетона пресудата, меѓу другото, наведува дека иако К.К. во моментот на нападот бил под непосреден надзор на училиштето, обвинетите родители се одговорни за штетата што нивното малолетно дете ја предизвикало, имајќи предвид дека шетата настанала поради неговото лошо воспитување, односно пропуст во воспитувањето и лоши примери кои му ги дале како родители.
Судот додава дека без влијание на родителите дека од страна на наставниот и другиот стручен кадар во училиштето не им е укажувано на потребата од интервенција во погед на однесувањето се ирелевантни.
„Имено, судот смета дека во ситуација во која родителот одлучил дека малолетното дете е да добие знаење за ракување и користење оружје, како и со посетите на стрелиштето детето да стекне заинтересираност од поголеми размери за овој спорт или хоби, а сето тоа во период кога е уште во психофизички развој, родителот морал со поголем степен на внимание да се однесува кон оружјето и муницијата што ги чува дома, односно адекватно да ги обезбеди оружјето и муницијата“, се наведува во образложението на пресудата.
Судот не ги прифати ни тврдењата на родителите дека штетата настанала без нивна вина, како и дека малолетниот К.К. не е способен да расудува, а дека неговата состојба и постапување не можеле да се предвидат и спречат.
Вишиот суд потсети дека во текот на постапката е утврдено дека К.К. во моментот на извршувањето на масовното убиство во 2023 година можеќ да го сфати значењето на своето дело и да управува со своите постапки.
Против оваа пресуда е дозволена жалба до Апелациониот суд во Белград во рок од 15 дена.