Ако досега вашите главни грижи при патувањето беа дали имате пасош, пари и авионски билет, наскоро ќе имате уште една обврска повеќе.
Повеќето земји-членки на Европската Унија (ЕУ) и четири други европски земји од 12 октомври 2025 година постепено ќе започнат нова постапка за странски државјани кои сакаат да ги преминат нивните надворешни граници, објави Европската комисија.
Ова значи дека од средината на октомври, наместо сегашното рачно печатење, ќе се воведе дигитална регистрација на сите патници надвор од ЕУ кои влегуваат во Шенген зоната за краток престој до 90 дена.
Доколку некој ја премине границата за прв пат или влезе во Шенген зоната од воведувањето на Системот за влез/излез (Entry/Exit System – EES), ќе мора да им даде лични податоци на службениците за гранична контрола.
Тие ќе ги скенираат отпечатоците од прсти на патникот и ќе направат фотографија.