Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ е во одлична форма од стартот на сезоната во американската колеџ лига (НЦАА), а тоа го потврди и на натпреварот на својот Стони Брук против Елон Феникс. Тој придонесе во победата на својот тим (72:68) со 17 поени, што беше најдобар учинок од сите поединци на теренот, а придонесе и со осум скокови, четири асистенции и две украдени топки.

Шошкиќ имаше одличен процент на шут од поле, односно 60% и тоа 3/5 за два, 3/5 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања.

Шошкиќ втора недела по ред е најдобар руки во неговата конференција признание добиено со одличните игри во континуитет. На последните пет средби во овие две недели во кои е најдобар во целата дивизија, Андреј има 18 поени во просек 5 скока и 4 асистенции.

ИЗДВОЕНИ