Екипата на Лос Анџелес Лејкерс игра навистина фантастично на почетокот од новата НБА-сезона, а дури сега се покажува какво засилување доби тимот со доведувањето на Лука Дончиќ. Словенецот е исклучително мотивиран во новата сезона во која сака конечно да добие НБА-прстен, а јасно е дека Лејкерси ќе бидат многу тешко да се сопрат на тој пат.
„Езерџиите“ овој пат го победија Шарлот Хорнетс на гостински терен, а главна улога во победата имаше Дончиќ, кој мечот го заврши со 38 поени, седум асистенции и со шест скока. Имено, ако Словенецот продолжи да игра во оваа форма, нема сомнение дека ќе биде во тесна конкуренција за МВП-наградата.











