Шумски пожари беснеат низ цела Грција, а пожарникарите се борат да ги заштитат периферијата на Патра, третиот по големина град во земјата, објавија денес локалните медиуми.
Во близина на пристанишниот град Патра на северот на полуостровот Пелопонез, 215 километри западно од Атина, пожарникарите се борат да ги заштитат домовите и земјоделските објекти додека пламените јазици ги зафаќаат блиските борови шуми и маслинови насади, објавува АП.
„Денес е уште еден многу тежок ден, со оглед на високата опасност од пожари во многу делови од земјата“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, додавајќи дека најмалку 15 пожарникари се хоспитализирани или добиле медицинска помош поради изгореници, вдишување чад или исцрпеност.