Уште еден повик за бојкот на „Евровизија“

7

Италија треба да се повлече од Евровизискиот натпревар следната година доколку Израел учествува, изјавија вчера тројца членови на одборот на италијанскиот државен радиодифузен сервис „РАИ“, повикувајќи на „конкретен гест на сочувство за населението подложено на истребување“ во Газа.

Алесандро ди Мајо, Давиде Ди Пјетро и Роберто Натале, тројца од седумте директори на RAI, изјавија дека Италија треба да го следи примерот на Ирска, Холандија, Шпанија, Словенија и Исланд и да објави дека нема да учествува доколку Израел учествува, поради наводниот геноцид во Појасот Газа, објавува агенцијата „Анса“.

„РАИ мора да го преиспита и бранот на солидарност за Палестина што вчера ја зафати Италија, доведувајќи стотици илјади луѓе на улиците и наоѓајќи поддршка кај многу вработени во јавниот сектор“, рекоа тие.

Според нив, јавните радиодифузери од пет земји во последните недели одлучија дека нема да учествуваат доколку Израел биде присутен на натпреварот.

„Ја молиме Италија да го стори истото“, рекоа тие.

ИЗДВОЕНИ