сабота, јануари 31, 2026
Дома БАЛКАН Уште еден министер во Владата на Србија поднесе оставка поради несреќата во...

Уште еден министер во Владата на Србија поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад

80

Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија во Владата на Србија, поднесе оставка.

„Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата министер за внатрешна и надворешна трговија. Благодарен сум на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ за довербата и наградата. За него и за Србија секогаш сум таму“, вели Томислав Момировиќ во писмената оставка што му ја достави на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.

Томислав Момировиќ беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Ана Брнабиќ од 2020 до 2022 година, по што во два мандати беше избран за министер за внатрешна и надворешна трговија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека поради трагедијата во Нови Сад очекува оставки во Владата и на други места и мерки од обвинителството што е можно поскоро.

ИЗДВОЕНИ