Уште 20 живи заложници, 38 убиени: Нетанјаху ветува нивно враќање

687
EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во Газа се уште има 20 живи заложници, а дека 38 од нив се мртви, ветувајќи дека ќе ги врати „сите“ во Израел.

Тој рече дека Израел има „многу организиран“ план за постигнување воени цели во Газа, додавајќи дека војната во Газа има „јасна и оправдана цел“, пренесува Тајмс оф Израел.

– Да се ​​победи Хамас, кој ги изврши злосторствата од 7 октомври; да ги вратиме сите наши заложници; и да се осигураме дека Газа не претставува закана за Израел – рече Нетанјаху.

Тој го истакна успехот на израелската армија за време на операцијата во која беше убиен лидерот на военото крило на Хамас, Мухамед Синвар.

ИЗДВОЕНИ