Урсула фон дер Лајен се спаси, отфрлена иницијативата за недоверба на ЕК

47

Европскиот парламент со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на чело со Урсула фон дер Лајен.

„За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа против, а 18 се воздржаа од гласање.

За да биде прифатена иницијативата, требаше да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што учествуваа во гласањето, при што нивниот број требаше да биде поголем од половина од вкупниот број членови на Европскиот парламент.

Дебатата за иницијативата се одржа во понеделникот, при што Пипереа ја обвини Европската комисија за недостиг на транспарентност, непочитување на правдата, избегнување на дебати и за заобиколување на одлуките на Европскиот парламент.

Причина за иницијативата за гласање недоверба е тоа што Комисијата сè уште не ја објави тајната преписка на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“ околу набавката на вакцини за ковид-19.

ИЗДВОЕНИ