Урош Блажиќ се враќа во судница: Закажана јавна седница за масакрот во Дубона и Мали Орашје

105

Апелациониот суд во Белград за 8 мај закажа седница на која ќе одлучува по жалбите на првостепената пресуда против Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ. во декември минатата година, Урош Блажиќ беше осуден на максимална затворска казна од 20 години од страна на Вишиот суд во Смедерево за масакрот што се случи на 4 мај 2023 година во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац и Смедерево.

Блажиќ, како што утврди судот, со огнено оружје уби девет лица, а уште 12 тешко рани. Со истата пресуда е осуден и неговиот татко Радиша. Тој е осуден на 20 години затвор за набавка на оружјето со кое неговиот син извршил масовно убиство.

„Максималната можна казна за Урош Блажиќ беше 20 години затвор бидејќи во моментот на делото тој имал помалку од 21 година, па му се судело како млад полнолетен“, објаснува изворот.

По пресудата, осудениот Блажиќ поднел жалба. Од друга страна, Вишото јавно обвинителство во Смедерево смета дека жалбите треба да се отфрлат.

„Жалбите на пресудата стигнаа до судот во јануари и февруари годинава, а Вишото јавно обвинителство во Смедерево одговори на нив и му предложи на Апелациониот суд да ги отфрли и да ја потврди првостепената пресуда. Апелациониот суд ќе ги разгледува жалбите на јавна седница на 8 мај, четири дена по втората годишнина од масакрот“, вели извор за „Курир.рс“.

Во образложението на првостепената пресуда, судијката на Вишиот суд во Смедерево, Лидија Јовановска, посочи дека одлуката не била праведна, но била единствената можна.

„Судот ја донесе одлуката врз основа на сите изведени докази. Урош Блажиќ призна дека ги извршил сите кривични дела. Начинот на кој ги извршил кривичните дела произлегува од неговата одбрана и од доказите.

Докажано е дека токму Урош Блажиќ го испукал огненото оружје. На ова укажуваат сите достапни докази и вештачења..

ИЗДВОЕНИ